Женската фудбалска репрезентација на Иран се квалификуваше за Азискиот куп во 2022 година, победувајќи го Јордан со 4-2 по изведувањето пенали. Хероина на натпреварот беше голманката Зореха Кудаиџа за која Јорданците тврдат дека е маж!

Фудбалскиот сојуз на Јордан побара од Азиската фудбалска федерација (АФЦ) да спроведе истрага за да се утврди полот на голманот на иранската репрезентација, за кој се сомнева дека е маж, што Техеран негира.

Претседателот на Јорданската федерација, принцот Али Бин Ал-Хусеин, објави писмо во кое „бара проверка на полот“, сугерирајќи дека голманот е маж кој се претставува како жена.

Хусеин го опиша ова како „многу сериозен проблем ако е вистина“ и ја повика АФЦ да се „разбуди“.

Селекторот на Иран Марјам Ирандост ги отфрли обвинувањата.

– Медицинскиот персонал внимателно го прегледа секој играч на репрезентацијата – изјави таа за иранските медиуми, велејќи дека ќе го „обезбеди секој документ што ќе го побара АФЦ“.

– Зборувањето за полот на голманот е само изговор да не се прифати поразот – изјави Ирандост, додека самата Кудаиџа се бранеше вака:

Мојот единствен грев е што не сум убава“, рече таа.