Деновиве на социјалните мрежи може да се видат видеа, некој од нив дури се вклучуваат во живо, како турчинка заедно со преведувачка од турски на македонски јазик, само со допир на раката, прави магнетна резонанца, а потоа на пациентите им одредува дијагноза. Додека таа го држи пациентот за рака,преведувачката ја кажува дијагнозата и објаснува како делувала магнетната резонанца.
Група револтирани граѓани, коментираат на Фејсбук, под видеата на турските масери кои деновиве “парче прават“ во домовите низ цела Македонија, играјќи си лекар и пациент. Инаку масерите се извесна Рабиа и Сали од Турција, а третото лице е нивна преведувачка жител на Скопје.
Нашата редакција сакаше да го истражи овој случај, па така се јавивме на телефонскиот број за контакт, каде женски глас ни закажа термин и место за средба. Кога прашавме колку ќе не чини прегледот, таа ни рече дека тоа зависело од тоа што точно ние сакаме да ни се прегледа.
Дознаваме дека тие се двајца државјани на Турција, маж и жена, кои се представуваат како брат и сестра и дека се наводно искусни масери, односно киропрактичари. Тие веќе неколку месеци “лечат“ пациенти и така заработуваат илјадници евра на грбот на пациентите кои во маката го бараат спасот кај вакви т.н. надри лекари. Инаку магнетната резонанца само со рака е невозможа и се коси со кои лекарскиот етички код, но збунетите и неиформирани граѓани се лесна мета за турските масери. Да не го заборавиме фактот дека овој преглед се наплаќа од 200 евра па нагоре.
Наш читател кој сакаше да остане анинимен, ни раскажа дека на турскуте масери им платил сума од пет илјади евра, само нивниот парализиран син да го кренат на нозе. Што никогаш не се случило, иако од страна на месерите му било ветено дека за таа сума во рок од три месеци, момчето ќе станело на нозе.
Следетене на