Во скопската населба Аеродром, поточно во зградата на Елена Лука, неодамна се отвори нов салон за убавина “ Д$Д“. Салонот е во партнерска  сопственост на бизнисменот Ферки Демировски и познатиот фризер Зоки Давитков. На отворањето присуствуваше цела скопска елита, од манекенки,пејачки,стилисти и лица од фризерската фела. Елитниот салон веќе ги отвори вратите за своите клиенти,а најмногу му се израдуваа жените кога слушнаа дека брендот за надградба на коса „Luhury hair extension“ конечно е  достапен и во Скопје. На отворањето беа Тв водителките Лила Филиповска, Миланка Рашиќ,Ведрана од Канал 5, стилистите Сретен Костиќ,Арменд Рамадани,Бубе Ин, пејачките Верица Пандиловска,Бани,Лина Пејовска и многу други.