Славица Вучковски сертифициран мадеротерапевт и масер ни ја открива тајната и ефектот од мадеротерапијата.

Што се масни наслаги?

Тоа се всушност масни клетки-најлошите делови во човечкото тело. Просто кажано како кофи полни со сало  😢 … ако еднаш ги наполниш, со здравје да си ги носиш 😅!

 

Што треба да знаеме за масните клетки?

Треба да знаеме дека масните клетки никогаш не се губат, во смисла не исчезнуваат во целост, ако веќе еднаш ги изградиш, после тоа тешко дека некогаш ќе ги уништиш за цел живот…

Дали правилната исхрана може да повлијае во губењето на масните клетки?

Да, точно е дека со правилна исхрана и вежбање се губат, само недоволно, за да не се појават повторно, но секогаш кога ќе се појави вишок на енергија, тие повторно ќе бидат вратени назад, за жал… Доколку сакаш да бидеш постојано во форма и да имаш добро дефинирано тело мора да го смениш начинот на живот во целост.

Како?

Треба да бидеш постојано дисциплиниран кон своето тело да се придржуваш до правилна исхрана и да бидеш почесто активен. Добро е што го имаме црниот дроб и мускулите, тие се како еден вид на тампон за складиеање на вишокот на енергија од јагленохидратите и ако редовно трошиме тогаш нашето тело никогаш повеќе нема да осети потреба за складирање на масти.

Повторно ќе кажам, прво се слабее во кујна, навиките ги стекнуваме таму, го учиме организмот на правилен режим и така тераме до до крај. 🙂

Каков е ефектот од мадеротерапијата во процесот на отстранување на масните клетки?

Мадеротерапијата е наменета за личности со диспропорционално локализирани масни наслаги, вишок течности и токсини во поткожното ткиво. Целиот третман се одвива со специјално изработени сукала. Нивото на масните ќелии се намалува за 50% по ефикасна класична и антицелулитна масажа, се намалува обем се обликува и подига задникот и се прави детоксикација на телото преку исфрлање на непотребното количество на течности.

Кои се предносите од мадеротерапијата?

Нема несакани ефекти, резултатите се видливи веднаш по првиот третман, ја подобрува циркулацијата и тонусот на вашето тело. Препорачлива е физичка активност и внес на течности од 2 до 3 литра дневно.