За да го започнете денот исполнети со енергија, потребно е да внесете одредено количество на витамини и минерали, кои не само што ќе ви ги наполнат батериите туку и ќе ве заштитат од вируси и настинка. За одржување на балансирана енергија во текот на денот многу е важно што ќе имате за појадок. Затоа ви предложуваме секое утро да го започнете со чаша силно сконцентрирани витамини- Смуди!
Смуди или кашест пијалок може да се направи од било кое овошје или зеленчук со додавање на вода или нискомаслено млеко.
Овој пат ви предлагаме Смуди од банана– превкусен и преполн со витамини.
Што ви е потребно:
1 банана
1/2 чаша ниско-маслено млеко(препорачливо е млеко од бадем)
1 лажица овесни снегулки
грст цели ореви или 1 лажица мелени ореви
Начин на подготвување:
Изблендирајте ја бананата со млекото од бадем, додајте ги овесните снегулки и оставете заедно да се блендираат додека не се згусне смесата. Доколку ставате цели ореви додајте ги во смесата заедно со останатите продукти за да се изблендираат, ако се мелени оревите тогаш може да ги чувате за крај.
Откако смесата стане хомогена може да ја претурите во чаша и посипете со мелени ореви.
Следетене на