Старлетата Сораја Вучелиќ обожава брендирана облека, но и чевли, а овој пат се пофали со нови чизми, но и со кожени ракавици.

Имено, Сораја на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од нови модни парчиња кои се актуелен тренд оваа сезона.

И чизмите и ракавиците се „Прада“, а само за чизмите издвоила 964 евра за што сведочат цените на истите чизми на интернет.

Исто така, во гардеробата на старлетата се „вселиле“ нови, кожени ракавици, а таа на своите обожаватели им го покажала секој детал.