На сајтот кој се занимава со продажба на разни работи се појави оглас кој некои ги насмеаа, а некои воодушевија.

Имено, тој што го објавил огласот напишал дека продава брич (бикче) кој бил користен од членката на групата „Хурикејн“, Сања Вучиќ.

„Со овој брич и ги избричив влакненцата од грбот на Сања пред да ја направи нејзината тетоважа.

Купувачот на овој брич ќе има шанса по купувањето да оди на пијачка со Сања и лично да се сретне со неа. Парите од оваа аукција одат во хуманитарни цели“ – стои во огласот.

Цената на бричот е 40.010 динари.

Каков е интересот и го купил ли досега некој бричот, допрва ќе дознаеме.

Фото: Инстаграм принтскрин/sanjalilwolf

 

Извор: www.shilomagazine.com.au