Уште од тинејџерските денови кога започнуваме со нанесување шминка, ние си развиваме една рутина или одреден начин на нејзина употреба. Но дали тој начин е вистинскиот? За прекрасен изглед многу е важно Вашиот начин на шминкање да биде соодветен на возраста и уште поважно пријатно да се чуствувате. Познатите шминкери обелоденија некои грешки кои најчесто ги прават жените при нанесување на шминка.
1. Не ја подготвувате основата на кожата правилно;
Кога започнувате со нанесување на шминка, веднаш ја ставате пудрата? Погрешно. Професионалните мејк ап артисти советуваат дека најпрвин треба да ја подготвите кожата за нанесување на пудрата. Што вклучува тоа? Чистење, тонирање, употреба на срества за лице против маснотии, а ако е сува кожата и навлажнувачи за лице. Целосно хидрирано и подготвено лице ќе направи чуда, не само за вашата кожа туку и за крајниот резултат.
2. Аплицирате шминка на погрешно осветлување;
Нанесувањето на шминка секогаш треба да биде на добро осветлено место. Замислете само доколку нанесете шминка во затемнета просторија и излезете надвор на дневна светлина. Исто имајте во предвид дека сенка за очи не се нанесува на флуросцентно осветлена просторија. Природната сончева светлина обезбедува најточен одраз на Вашето лице во огледало. Најблиску до природната светлина е и ЛЕД светлината.
3. Нанесувате премногу коректор?
Бурна ноќ? Се будите со огромни подочници па се обидувате да го сокриете нанесувајќи повеќе слоеви коректор? Ова е голема грешка. Ако не ја користите вистинската сенка или производ што е добар за Вашата кожа, сепак, би можеле да завршите о ненамерно нагласување на брчки. Изберете течни коректори оние кои содржат светлечки честички, што ќе ја направат Вашата кожа да изгледа здрава и природна без преоптоварување, така што нема да изгледате како да носите маска.
4. Не заборавајте да се погрижите за усните!
Усните се клучен фокус за целосниот изглед на Вашето лице. Многу е важно да користите хидратантен гел за Вашите усни. Заедно со сјајот за усни или кармин користете и молив за усни. Држете се до боите кои се слични со Вашата природна боја за да го добиете изгледот на потполни усни.
5. Не заборавајте да нанесете руменило!
Во денешно време често го изоставуваме руменилото при шминкање. Ова е голема грешка затоа тоа може да ви го даде бараниот младешки блесок. Најдобро е да изберете нежна розова боја која најблиску потсетува на природен изглед.
Следетене на