Елитниот стек хаус и омилен локал на најпребирливите сладокусци „Ми Каса” синоќа го прослави својот прв роденден! Локалот кој ги поместува сите граници кога е угостителството во прашање, ги собра на едно место сите оние кои сакаа да бидат дел од прекрасната атмосфера за која се погрижија кралот на ноќните свирки Џони лајв, прекрасниот настап на еден од најдобрите вокали кај нас Елена Патреска, фантастичниот бенд „Ми Каса“ чиј член е популарниот кларинетист Бурхан.
И секако беше вистинско уживање во вкусната храна и најдобриот бифтек подготвен од тимот од Истанбул, на чело со одличниот шеф Омер. Буквално се бараше место плус особено откако неодамна во „Ми Каса” пристигнаа и светлечките иглоа кои се единствени тука и донесени прв пат во Македонија.
Но нели се навикнавме токму „Ми Каса” да ги поставува стандардите. Програмата ја водеше популарниот новинар Зоки Фаци кој во негов стил ги забавуваше гостите и кој воедно е и маркетинг менаџер во овој локал.
Го забележавме присуството на познатиот готвач шеф Марк со пријателите, екипата на Бекстејџ, па нашата водителка Лила Филиповска која инаку е и заштитно лице на „Ми Каса” од самиот почеток и која беше задолжена за поздравниот говор и сечењето на тортата.
И нормално имаше две торти. Едната слатка со логото на „Ми Каса“ а другата огромен бургер по кој е најпозната „Ми Каса”.
„За многу кратко време Ми Каса се наметна како сериозен локал и стек хаус, уникатен по многу нешта, среќна сум што сум дел од оваа среќна приказна. Благодарм на сопствениците Ферки и Елма кои ме одбраа за нивно лице и посакувам на оваа единица да ставиме уште две нули“ – Рече водителката по што го исече првото парче заедно со Елма а Ферки беше задолжен за бургерот ! На сето ова ние нема што многу да додадеме освен Среќен роденден „Ми Каса“ и да градиме уште многу среќни и успешни приказни !
Следетене на