Девојката која на социјалната мрежа TikTok е позната под псевдонимот @cramakeup, секојдневно објавува видеа на кои ги покажува своите вештини за шминкање.

Одамна знаеме дека шминката ги покрива недостатоците и неправилностите на лицето, но оваа девојка е на друго ниво. Имено, таа непрепознатливо се трансформира со помош на четка и пудра и затоа е мета на осуда.

Судејќи по снимките кои ги објавува без шминка, може да се заклучи дека оваа девојка не е трогната од коментарите.

Видеото најчесто го започнува со појавување во маица без шминка и перика, по што следи трансформација по која изгледа како друга личност.

Корисниците на социјалните мрежи се шокирани од нејзината промена, а многумина тврдат дека таквите трансформации треба да бидат нелегални.

– Јас сум за да постои полиција за такви работи. Човеку, ова не е легално – напиша еден човек, а друг додаде дека не може да верува дека со шминка ќе го промени обликот на очите:

– Разбирам дека некако ги зголемуваш усните и ја стеснуваш вилицата, но како го менуваш обликот на очите? Навистина морничаво…

Иако многумина не го поддржуваат начинот на кој таа се трансформира, никој не може да го оспори нејзиниот талент.