Една од најпопуларните бразилски пејачки, Марилија Мендонка (26) загина во авионска несреќа во петокот кога се урна мал приватен авион во југоисточната држава Минас Жераис.
Покрај Мендонка, во несреќата загинаа и нејзиниот продуцент Енрике Рибеиро, асистентката на Абичели, Силвеира Дијаз Фиљо, пилот и копилот на авионот, пренесува Ројтерс. Марилија Мендонка се стекна со слава како пејачка која ја освои наградата Латино Греми во 2019 година за најдобар албум во нејзината категорија.
Популарната изведувачка на бразилска музика, која зад себе го остави двегодишниот син, требаше да настапи вчера на концерт во градот Каратинга, оддалечен 12 километри од местото на несреќата.
View this post on Instagram
Само неколку часа пред несреќата, таа објави видео на социјалните мрежи на кое се подготвува да се качи во мал приватен авион на пат кон Каратинга. “Марилија Мендонка остави трага во бразилската култура и богат репертоар на бразилска регионална музика. Таа сигурно нема да биде заборавена”, соопшти бразилската влада. Засега не е позната причината за несреќата.
Следетене на