Најмалку 46 лица загинаа денеска кога автобус со македонски регистерски таблички се запали на автопат во западна Бугарија, соопштија властите во Софија.

Foto: DIMITAR KYOSEMARLIEV / AFP / Profimedia

Шефот на одделот за безбедност на бугарското МВР, Николај Николов за националната телевизија изјави дека седум лица со изгореници се префрлени со брза помош во болницата Пирогов во Софија. Најмладиот пациент има 15 години.

Најмалку 45 луѓе ги загубија животите кога автобусот се превртел и се запалил или се запалил и се превртел“, изјави Николов, пренесува Ројтерс.

Foto: DIMITAR KYOSEMARLIEV / AFP / Profimedia

Министерството подоцна прецизираше дека загинале 46 лица и дека во автобусот имало 53 патници.

Mакедонската агенција МИА јави дека меѓу загинатите има и 12 малолетници, од кои двајца браќа близнаци.

Foto: DIMITAR KYOSEMARLIEV / AFP / Profimedia

Автобусот синоќа околу 9 часот ја преминал границата на преминот Капетан Андреево.

Бугарските медиуми јавуваат дека несреќата се случила синоќа околу 3 часот на автопатот Софија-Благоевград, кај градот Бошнек, на 31 километар од Софија.

Бугарскиот претседател Румен Радев и привремениот премиер Стефан Јанев телефонски разговараа со македонскиот премиер Зоран Заев, кој го најави своето доаѓање во Бугарија и посета на преживеаните.

Foto: DIMITAR KYOSEMARLIEV / AFP / Profimedia

На овој дел од автопатот во 1996 година се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 16 лица.

Функционерот на бугарското Министерство за внатрешни работи Николај Николов за националната телевизија изјави дека седум лица со изгореници се пренесени со брза помош во болницата Пирогов во Софија. Најмладиот пациент има 15 години.

Автобусот се превртел и се запалил или се запалил па се превртел“, рече Николов.

Во автобусот имало 53 лица.