Белиот тартуф (Tuber magnatum) и црниот тартуф (Tuber melanosporum) спаѓаат во родот печурки Tuber (грутка, израсток).

Тартуфите култивирано се одгледуваат од 1808 година. Родоначалник на првата плантажа е Јозеф Талон во покраината Валкуз. Масовно одгледување  на тартуфите почнува од 1855 година.

Досега откриени места каде има најголема застапеност на тартуфи и габи се: Кина која произведува 5мил. тони годишно, Италија 761.000 годишно, УСА 390.000 тони годишно,Холандија 304.000 тони годишно и други земји. До нас најблизо се произведуваат во Истра Хрватска.

Се нарекуваат црн дијамант поради високата цена што ја достигаат на пазарот. Белиот тартуф или tuber magnatum може да достигне цена од 3000 до 15000 евра за килограм. Црниот тартуф може да се најде на цена од 400 до 1200 евра по килограм.

Успеваат под корењата на следните врсти дрвја: лешник, даб, топола. Во својот состав  изобилуваат со минерали: калиум, натриум и фосфор. Го штитат здравјето на срцето и целокупниот кардиоваскуларен систем. Се верува и дека со консумирањето го подобруваат расположението, а на некои од нив им се препишуваат и афродизијачки својства.

Растат под површината на земјата од 2-8 цм, а се откриваат со посебно дресирани кучиња или свињи.

Се користат во различни видови на тестенини, супи, ориз. На видеото подолу може да видите на кој начин се приготвуваат превкусни таљатели со црн тартуф.