Тања Мицков, нашата позната актерка на меѓународната сцена за Style.mk открива:
Вашето животно мото:
Не е едно, не се две. Еве неколку: “А,зошто да не?”, “Никогаш не се предавај,ни-ко-гаш!”, “Keep on keeping on”
Сите ние уште како деца си поставуваме некои цели во животот, сонуваме за кариера, дали Вашата цел е постигната? Дали некогаш сонувавте да бидете актерка?
Ретко сонувам, повеќе мечтаам..Не, не сум сонувала да станам актерка. Искрено сум сакала. Како мала сум посакувала многу дијаметрално различни професии, една од првите беше актерството. Кога си мал, првите желби,мечти, посакувања особено професионални се најточни и најпродуктивни, ако истраат и не се претопат,се разбира. Мојата цел..ќе биде постигната кога делата ќе зборуваат за мене, не јас..
Која Ви е омилена претстава во која сте играле?
“Процесот против Дон Жуан”-Е.Е.Шмит- засега е фаворит.
По што ќе ја запаметите 2019 година?
Искрено? Доста борбена беше оваа година, или “Еден за сите,сите за…себе” и што би рекол гавранот на Едгар Алан По- “Nevermore”!. 2019 ме направи посилна, благодарам на сите.
Кој е Вашиот моден стил? Во каква облека најпријатно се чуствувате?
Се облекувам како што се чувствувам, некогаш -бал, некогаш-опело.
Имате ли омилен дизајнер?
Омилен дизајнер имам се разбира, Vivien Westwood i MCQueen дефинитивно.
Дали некогаш купувате онлајн?
Купувам онлајн, не често, но купувам…
Која е Вашата најкомплексна улога?
Која е мојата најкомплексна улога? Да останам човек, секој ден, да бидам..Ова не е многу човечно време.
Кои се Вашите професионални амбиции?
Професионална амбиција имам да немам амбиции,едноставно, да бидам таму каде што сакам и каде што мојата маленкост интуитивно мисли дека треба, ни повеќе-ни помалку.
За крај – Што си посакавте во оваа 2020 година?
Баш истото што и го посакав и на госпоѓа 2020, да биде подобра-во секоја смисла.
Следетене на