За да има светлина, мора да имате и темнина. За да имате радост, мора да доживеете и тага. Оваа дуалност од човечката природа е, во суштината, она што нè прави луѓе. Нашите сенки не се само лоши или негативни работи – тие се само дел од тој биланс на јин и јанг на лунарна и соларна, отворено и затворено, вода и оган…
Постојат толку многу објаснувања за добрите карактеристики на секој од хороскопските знаци, но дали некогаш посветивте внимание да ја откриете и ,,темната“ или другата страна на хороскопските знаци. Каде биле sвездите и планетите во моментот на нашето раѓање, влијае на нашите особини на личноста и на тоа како го доживуваме светот околу нас. Ајде да погледнеме во секој од Хороскопските знаци за да научиме малку за темнaтa страна на секоја од нив…
Овен
Овен е првиот знак во Зодијакот. Овенот е познат по своите огнени гасови, убомора и нетрпеливост. Може да бидат навистина импулсивни кога се чувствуваат нерасположени. Со двојноста на човековата природа, разбирливо е дека Овен би бил страствен водач, но и страствен борец. Овие особини можеби од една страна се добри, но од друга страна овните треба да останат свесни кога се при стрес и да ги намалат бурните реакции. Овните се личности кои никогаш не приззнаваат дека не се во право.
Бик
Бикот се карактеризира со упорност, способност да ја спроведе зададената цел. Од друга страна биковите важат за тврдоглави и ригидни на моменти. Нивната сензуалност доаѓа во посурова форма.
Близнаци
Близнаците важат за креативни, интелегентни и социјални, но од друга страна можат да бидат често вознемирени и немирни. Тие се неуморни, често преаѓаат од едно хоби на друго, од една врска на друга. Потребна им е авантура.
Рак
Ракот е најемотивниот воден знак, со него управува Меечината. Тие имаат многу промени во расположението, многу често можете да ги најдете депресивни, повлечени.
Лав
,,Кралот на џунгата„ е еден од највозвишенте огнени знаци во Зодијакот. Тие се сочуствителни и генерално топли луѓе, но од друга страна сакаат да ги контролираат ситуациите околу нив, да владеат со нив, да бидат во центарот на вниманието. Тоа најчесто го постигнуваат со поставување стапици за да ја покажат својата моќност.
Девица
Организирани, вредни, перфекционистички настроени ама баш секогаш. Тие се многу добри пријатели и партнери, но од друга страна се малку ригидни, премногу организирани, конзервативни. Нивната темна страна ја вклучува емоционалноста. Тие се премногу емотивни и заради нивната премногу претпазлива природа секогаш се оптеретени со мислата дека работите во секој момент ќе тргнат наопаку, па дури и го планираат тоа. Тоа резултира со честа вознемиреност, стрес.
Вага
Вагата ја цени хармонијата, еднаквоста и рамнотежата во сите аспекти од нивниот живот. Овој знак е прекрасен пријател кој секогаш ќе Ве сослуша. Негативна особина кај нив е тоа што тие се многу пасивни и спремни да дадат се само да го сочуваат мирот и рамнотежата. Имаат голем страв од конфротација и се многу неодлучни.
Шкорпија
Шкорпиите се тип на ,,мистериозни“ луѓе. Тие се многу стратешки организирани и интелегентни. Нивната темна страна вели дека се манипулативни и сурови.
Стрелец
Огнени патници кои со задоволство ја зграпчуваат секоја авантура која ќе им ја понуди животот. За нив многу е важна слободата, па не се толку склони кон склучување пријателства со секој, туку само со нивните ,,сродни авантуристики души“.
Јарец
Јарецот е сериозна и вредна личност. Тие се интелигентни и обично ги знаат сите вистински одговори. Другата страна вели дека се инаетливи, тврдоглави и ригидни во размилсувањето дека само нивниот начин е вистинскиот начин. Тие се многу непопустливи и нефлексибилни личности.
Водолија
Тоа се личности кои често можат да ги претворат нивните силни страни во послаби. Тие се неодлучни и темпераментни знаци кои уживаат во слободата. Често се неконзистентни и напнати. Не склучуваат лесно искрени пријателства им треба повеќе време да те запознаат.
Риби
Цврсти, толерантни, одлични слушатели, интуитивни, но многу често се управувани од емоциите наместо од умот. Затоа често се доведуваат до вознемиреност и депресија.
Следетене на