По завршување на зимската сезона и празниците многумина од нас сакаат да направат пролетно освежување на косата. Доколку сеуште се двоумите за каков изглед да се одлучите сезонава, Ви предлагаме да ги разледате нашите предлози кои се надеваме дека ќе Ве инспирираат за да ја остварите саканата промена. Позитивното е што повеќето салони за коса предлагаат екстремно различни стилови и нам ни преостанува да се одлучиме и да оставиме фантазијата да не понесе без никакви ограничувања.

Доколку одлучите да се ослободите од платнумските нијасни кои беа тренди изминативе неколку години, Ви предлагаме темни и чоколадни нијанси, бидејќи секогаш е тренди да бидете бринета без разлика каква фризура имате.

pinterest

Големо олеснување за девојките кои имаат локнеста коса, ако досега се соочувале со предизвикот да ја одржат нивната коса исправена и покрај временските услови, оваа година може во целост да се опуштат и да уживаат во нивниот природен и локнест изглед без разлика која е должината на нивната коса и каква боја на коса имаат.

Долгата и права коса се враќа во мода и ќе биде актуелна годинава.

Доколку обожавате плетенки, годинава ќе бидат ИН, можете да им се препуштите во целост.

Долга коса на степен со шишки, без разлика дали вашата коса е права или со локни ова ќе биде тотален тренд во 2020 година.

Неон портокалова,жолта и зелена се идеалните бои кои би требало да ги нанесете на вашата коса сезонава. Нека вашата фантазијата преовлада периодов.