Најчесто работните утра ни поминуваат во брзање и хаос, па често немаме време да посветиме повеќе внимание на изгледот. Доколку сакате совршена шминка, за кратко време, а која ќе ви трае во текот на целиот ден, разгледајте ги нашиве make up совети.

shallow focus photography of woman doing makeup

1. Вашето лице нека биде чисто. Наместо да губите време со ставање на пудра, хидратантн креми, коректори, постои поедноставен начин. Набавете некоја затемнета крема со ББ фактор, или едноставно набавете пудра која ги содржи сите особни на дневна крема, која ја хидрира кожата и содржи заштитен фактор. Ќе Ви даде младешки изглед ,а и ќе го хидрира лицето.

Доколку имате подочници кои сакате да ги покриете, нанесете инстант гел за подочници кој ќе го оставите 2 минути за кожата да го впие.

2. Нанесете руменило под јагодиците.

3. За очите може да го искористите трикот за креирање ,,smokey eyes“ на наједноставен и брз начин. Со црно моливче за очи направете линија над горните и долни трепавици. Размачкајте ја линијата со помош на четка. Не заборавајте да нанесете и маскара.

woman facing mirror holding makeup brush

4. Ако не планирате нежна шминка на очите, тогаш потрудете се да ги истакните усните. Поминете ги краевите на усните со моливче за усни, а потоа нанесете кармин во појака боја.