Украсување на нокти со лак потекнува од Древна Кина 3000 години П.Н.Е,  лакот бил направен од пчелен восок, белки од јајца, желатин, растителна боја и арапски стабилизатор. Кинезите ги потопувале нивните нокти со смесата и ја оставале неколку часа  за да се исуши и резултатот кој се добивал бил розеви нокти.

Во тој период во Индија и Египет се практикувало украсување на нокти со портокалова боја која ја добивале од дрво од к`на. Ова биле првите зачетоци на уметничко украсување на ноктите. Лакирањето на нокти во тој период симболизирал социјална класа- златната и сребрената боја се сметала за кралска, но подоцна се менува во црна и црвена.

 

Почетокот на 19ти век ноктите биле затемнувани/нијансирани со ароматични црвени масла и полирани со еленска кожа. Модернизацијата на дизајнирање на нокти започнала во раната фаза на 19ти век.

По производство на автомобилските бои, Кутекс (Cutex), го произведува и првиот лак за нокти 1917 година, претставувајќи ги новите сјајови за нокти во боја, со што започнува нова ера на уметноста на нокти.

Првиот дизајн на нокти се нарекувал  “moon manicure” техника при која средината на ноктот се бојадисувала, пришто ја оставале нацртаната полумесечината на коренот на ноктот необоена.

Следната револуција настанала кога користењето на боја се заменило со користење на пигменти од страна браќата Ревсон (Revson brothers) и Чарлс Лахман (Charles Lachman), основачите на компанијата Ревлон. Денес уметничките нокти се интегриран дел на модниот свет, значаен аксесоар на сите модни трендови.

 

Најскапиот маникир се прави од дијаманти и чини 51 000 долари при што се користат вистински 10 каратни дијаманти. Доколку има потреба од корекција истата се прави со помош на специјалисти. По отстранување на маникирот, дијамантите остануваат кај клиентот и дозволена е нивна ре-употреба за други цели.

Најскапиот маникир е направен во Израел од страна на Јулија Данилочкина (Yulia Danilochkina) победничка на натпреварот- Компетиција на убави раце (Competition of beautiful hands), во вредност од 1 милион шекели (израелска валута).