Вашето тело за да биде витко, треба да биде и здраво. Внесувањето на здрава храна, редовните вежби Ви даваат тело од соништата. На телото му е потребен здрав метаболизам и трошење на калориите како и штетните материи од храната. Ако Вашиот дигестивен систем не функцонира правилно тогаш процесот на слабеење ќе Ви иде побавно.

group of women doing yoga

Сокот од лимон има висока концентрација на лимонска киселина која го стимулира дигестивниот систем и помага во намалување на ефектите на јаглехидратите. Многу нутриционисти не советуваат дека лимонот ги има сите потребни состојки за да ги согори маснотиите, да го намали апетитот, да го забрза метаболизмот.

two lemons

Еве една шема за седумдневна козумација на сок од лимон за што поефикасно топење на маснотиите.

Прв ден- Ставете 200 гр млака вода во чаша, а потоа исцедете сок од  пола лимон. Оставете го неколку минути, а потоа пијте го. Направете го ова и попладне, пред ручек.
Втор ден – Пијте една чаша сок од лимон и вода наутро, а една попладне. Во текот на денот треба да испиете 2 – 3 литри минерална вода. Ова направете го и третиот, четвртиот и петиот ден.
Шести ден – Сега мора да ја зголемите количината на сок од лимон во 4 чаши на ден. Консумирајте го наутро и пред вечера.
Седми ден – Пијте вода со лимон на празен стомак наутро.

slice lemon beside cup

Оваа шема нека Ви стане редовна навика. Во текот на денот не смеете да конзумирате пржена храна и мрсно месо. Конзумирајте риба и варено или динстано пилешко месо.

Појадувајте житарки со јогурт или обезмастено млеко. Обавезно во текот на денот јадете свежи салати. Барем еднаш неделно во менито имајте грашок, компири, брокули, морска храна, зелка, карфиол и морков.