Фаќачот на соништа според северноамериканските индијанци е направен да ги штити луѓето од зли духови ,како и од негативна енерија. Тие верувале дека кога спиете, лошите соништа се заплеткуваат во мрежата и ве ослободуваат од секаква лоша енергија.Фаќачот на соништа станува популарен кај белите луѓе уште кога се колонизирала Америка, а денес има големо значење во домовите.Обично се става над креветот каде што спиете или се закачува на ѕидовите од домот,автомобилот,а во последно време се носи и како амајлија. Го има во сите големини и бои.Направен е од природни материјали, конци,кожа,пердуви и монистри. Индијанците од прериите во Америка,го врзувале на долги стапови,на опашките од коњите или го ставале над колибите за да се заштитат од лошите енергии.