Дали сте обожавател на кактуси? Секој може да се заљуби во кактусите особено кога се расцветани. Кактусите се живи организми кои консумираат и зрачат енергија исто како луѓето и животните. Во светот постои верување дека можат да го намалат зрачењето од телевизорите и мониторите во домот. Затоа најчето луѓето ги чуваат во близина на телевизорот. Но дали е тоа правилно?
Вистина е дека кактусот има способност да ги блокира зрачењата од електронските апарати во домот, но од друга страна и ги преусмерува до најблиската личност. Дококу ненајдено станавте нервозни, раздразливи, а само што купивте кактус и го сместивте во домот, тогаш кратко истражете го неговиот вид и дознајте дали неговото присуство ја предизвикува следнава состојба.
Според Фенг Шуи кактусот во дневната соба, спалната или блиску до влезот придонесува за ширење на негативна енергија во домот. Додека растенијата носат позитивност во вашиот дом, кактусите се исклучок. Кактусите се убави растенија со силна заштитна енергија, но нивните боцки се проблем. Тие делуваат како илјадници мали стрели кои ја впиваат енергијата во околниот простор. Тоа е причината зошто кактусите никогаш не смеат да се сместуваат во дневна соба, спална соба или влезот.
Кактусот ја впива влагата во домот, а според Фенг Шуи го привлекува и богатството. Доколку приметувате негативна енергија во домот, а се сомневате во кактусите, тогаш поставете ги позади завесата на прозорецот на југоисточната страна во домот , или едноставно пренесете ги надвор. На тој начин ќе се спасите и од негативната енергија која сака да ,,влезе“ во домот.
Следетене на