Финска по петти пат е најсреќната земја за живот, додека Македонија е 89-та меѓу 146-те рангирани, според Светскиот извештај за среќа, (World Happiness Report) на ОН за одржлив развој.

Меѓу десетте најсреќни земји оваа година се Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.

Светскиот извештај за среќа проценува 146 земји и зема предвид индикатори како што се очекуваниот животен век, социјалната поддршка, корупцијата и други.

Од земјите во регионот, најсреќно место за живеење е Словенија, која е на 22 место, потоа Србија на 43, Хрватска на 47, БиХ на 67, Црна Гора на 75, а Македонија на 89 место.