Пандемијата од Ковид, му донесе големи главоболки на светот.Посебно беше загрозена егзистенцијата на музичарите,кои веќе долго време не музицираат, нема концерти, ниту ноќни свирки и разни прослави. Состојбата од Кивидот ги  погоди и нашите пејачи кои крпат крај со крај, за да го преживеат ова невреме. Нашата фолк дива Ирена Велјоска, некогаш беше главна во ноќниот скопски живот .Скоро и да немаше журка каде таа царуваше. За неа велат дека со ангелскиот глас, харизмата и енергијата на сцена,беше кралица на ноќните свирки.Денес, исто како и нејзините колеги музичари,Ирена мака мачи да преживее. Вели дека долго размислувала што понатаму и благодарение на нејзиниот стар пријател Војкан Андреев, сопстевник на фризерското студио” В.А.Фешн”, дошле до идеја таа да стане дел од неговиот тим.

-Искрено освен пеењето не знам што друго би работела.Тоа најдобро го знам, но пандемијата ме натера да размислувам за својата егзистенција.Јас сум голем борец,и не се плашам од работни обврски.Еве денес сум веќе дел од тимот на В.А.Фешн и ке се обидам да го научам и овој занает.Ја сакам модата, цел мој живот сум опкружена со неа, така да ова е некој мој нов почеток,додека не престане овој вирус,а потоа му се враќам на микрофонот и музиката, вели Ирена.