Доколку во скоро време патувавте за Холандија ќе приметевте дека таму воопшто нема кучиња бездомници по улиците. Додека според Светската здравствена организација постојат 200 милиони напуштени кучиња во светот, Холандија и официјално е првата земја која успеа да се справи со овој проблем и да ја добие титулата за земја во која не постојат тажни, гладни, бездомни кучиња.
Врската помеѓу Холанѓаните и нивните кучиња миленици датира многу одамна уште кога припадниците на високите сталежи чувале миленици кучиња како статусен симбол, додека ниските класи ги користеле за работа. ,,Трендот“ со напуштање миленици започнал уште од 19 век кога започнало да се шири беснило меѓу кучињата, па сопствениците од страв ги напуштале, а подоцна и со воведувањето на данокот за миленици. Од тогаш бројот на кучиња бездомници се повеќе растел па Владата во Холандија почнала со воведување на мерки кои се покажувале многу ефикасни.
Се наметнал, посебен данок при купување на животни, што го одвлече вниманието на многумина од оние што сакале да купат куче, па ги посетиле засолништата за напуштени животни.
Кучето како домашно милениче мора да биде регистрирано, а доколку тоа не се направи во предвидениот рок од 14 дена до три месеци, сопствениците ќе бидат казнети. Кучето при регистрација добива метален приврзок, кој сопственикот е должен да го стави на вратот на миленичето. Интересно е и дека има некои општини каде редовно се проверува дали се почитуваат правилата, каде службеници одат од врата на врата.
Формирана е и специјална полиција за надгледување на напуштањето на кучињата, што во Холандија се смета за кривично дело за кое е изречена ригорозна казна.
Кастрацијата на кучињата е бесплатна, а неколку дена во годината, на Холанѓаните им беше дозволено да ги носат своите миленици бесплатно на ветеринар за преглед и вакцинирање.
Покрај тоа што ќе бидете казнети, парична казна од 19 500 евра ако го оставите вашето куче во Холандија, можете да завршите во затвор до 3 години.
Следетене на