Топ  моделот и една од најплатените светски манекенки Наоми Кемпбел неодамна стана мајка.Црниот пантер како што ја нарекуваат во светот на модата, роди девојче, но сеуште не го октрива името на бебето.Наоми беше во врска со руски тајкун,но наводно бебето не е од него. Таа е најплатената манекенка на сите времиња.Родена е во Лондон и на само 14 години започна модна кариера.Беше првата црна девојка која излезе на насловната на магазинот “ ВОГ“. Досега красеше илјадници насловни страни за различни брендови иако долги години му беше муза на дизајнерот Џани Версачи. Беше и дел од музичките спотови на легендите Мајкл Џексон и Џорџ Мајкл.Денес таа живее во Њујорк и откако стана мајка, се повлече од модните писти.Има 51 година.