Најдобриот избор за да се стоплите од студот е чајот од ѓумбир.  Овој чај е богат со витамин Ц, магнезиум и други минерали. Коренот од ѓумбир е многу корисен за здравјето.

Може да го пиете пред патување за да превенирате стомачна мачнина. Одличен е за намалување на болката на мускулите и проблеми со зглобовите, може да го пиете или користите како облога на болните места.

Ја подобрува дигестијата, ги намалува респираторните проблеми, особено при алергиски реакции. Ја подобрува циркулацијата на крвта и ве ослободува од менструален дискомфорт. Чајот од ѓумбир го зајакнува имунитетот и го намалува стресот.

Може да го конзумирате со лимон и мед за да го ублажите вкусот.

На видеото подолу ви е прикажано на кој начин може да подготвите чај од ѓумбир во домашни услови.