За неделно уживање ви предлагаме брз рецепт за приготвување на чоколадни топчиња. Во подготовката може да се вклучи целото семејство, па дури и најмалите членови.
Потребни состојки:
– 130 г кокос
– 3 мали лажички кокосово масло
– 3 мали лажички мед или јаворов сируп
– 2 мали лажички незасладено кокосово млеко
– ½ мала лажичка екстракт од ванила
– 1 прстофат сол
– 100 г темно чоколадо
Начин на подготовка:
1. Изматете 75 грама од кокосот заедно со кокосовото масло, додека смесата не стане како путер.
2. Додајте го медот, кокосовото млеко, екстрактот од ванила и солта и добро промешајте додека не се поврзат.
3. Растопете го чоколадото на пареа и додадете го во останатите состојки.
4. Додадете го остатокот од кокосот и замесете ја смесата како тесто.
5. Обликувајте топчиња, увалкајте ги во кокос и оставете ги во фрижидер на 1 час.
Доколку сакате овој рецепт да ги искомбинирате со уште поздрави состојки, ви предлагаме да го погледнете видето подолу во кое ќе видите дека чоколадото е заменето со урми.
Следетене на