Судија во Шпанија додели заедничко старателство на разведена двојка која побарала од судот одлука со кого ќе живее миленикот.

Судот во Мадрид смета дека двете страни се подеднакво одговорни и дека треба да се грижат за кучето по име Панда. Оваа пресуда е донесена во време кога Шпанија е во процес на донесување закон според кој животните повеќе нема да се сметаат за „предмети“, туку законски ќе бидат признати како живи суштества.

Овој статус ќе го олесни процесот кога партнерот ќе побара заедничко старателство над миленикот по разводот.

Договорот за посвојување, сметките за ветеринарна служба и фотографиите на парот со кучето послужиле како доказ во судот.

Foto: Pixabay

Foto: Pixabay