Голем дел од познатите светски ѕвезди како што се Шарлиз Терон во креација на Диор до Маргот Роби во Шанел, Скарлет Јохансон во Версаче направија гламурозни чекори на британскиот црвен килим. Еден од условите на ова британско шоу беше да ѕвездите при одбирање на креациите да го почетуваат ,,еко-кодексот“ и да носат креации од рециклирани материјали.
Да се свртиме кај наградите! Филмот ,,1917“ на режисерот Сем Мендес победи во седум категории: за најдобар филм, најдобар британски филм, режисер, кинематографија, звук, продукциски дизајн и визуелни ефекти. А, беше номиниран и за оригинална музика и за шминка. За најдобар глумец е избран Хоакин Феникс за насловната улога во „Џокер“. Најдобра глумица е Рене Зелвегер за улогата на Џуди Гарланд во биографскиот филм „Џуди“. Наградите за споредна машка и женска главна улога отидоа кај Бред Пит („Си беше еднаш во Холивуд“) и Лора Дерн („Брачна приказна“).
Наградата за најдоброто оригинално сценарио ја зеде филмот „Паразит“, што е прогласен и за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Најдоброто преработено сценарио го има „Џоџо зајачето“. Најдобар документарец е британскиот „За Сама“, додека Англискиот глумец Енди Серкис ја доби специјалната награда за особен придонес кон филмската уметност.
А ова се нашите омилени тоалети и кобинации кои се носеа на црвениот тепих:
Следетене на