Во студените зимски денови, топлата зимска јакна е клучен додаток. Сите имаме барем една омилена јакна во плакарот, која е импресивно топла и стилска истовремено. Иако можеби не знаевте, стилистите ни открија дека Вашата омилена зимска јакна многу зборува за Вашиот карактер. Што открива таа, прочитајте во следнава статија.
Teddy капут – Ја обожавате модата, шминката, едноставно сакате да сте во центарот на вниманието. Сакате да сте во друштво, помалку ја сакате самотијата. Вашата кариера од соништата е да бидете инфлуенсерка.
Parka – Секоја трета девојка има иста јакна како Вашата, но тоа баш и не Ве загрижува. Секогаш во брзање, животот го живеете со полна пареа. Гардеробата најчесто ја нарачувате онлине.
Trench капут – Во друштвото сте најодговорна и по малку ,,control freak“. Замислувате кариера на деловна жена и силно се борите да ја достигнете. Тоа е Вашата животна цел – богатство и кариера.
Крзнена бунда – Вие сте едноставно кажано – модна икона! Обожавате да собирате модни магазини, да ги издвојувате омилените аутфити. Вашата соба ја средува мама. Некогаш обожававте леопард капути и принтови, меѓутоа моментално за Вас е ,,премногу видено“. Ја обожавате уникатноста и сакате секогаш да сте во центарот на вниманието.
Кожна јакна – Секогаш пиеете турско кафе, обожавате чоколадо. Имате омилена галериј, обожавате да имате единствен стил. Секогаш ја покажувате Вашата омилена „resting bitch face“.
Puff јакна – Не е важно дали е модерна, битно е да биде корисна! Што Ве интересира, за луѓето околу Вас, кога Вашата омилена јакна никогаш нема да излезе од мода нели? Спортски тип, кој ужива да ,,лета“ низ животот!
Следетене на