Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ немаше можност да излезе на теренот, откако неговиот ривал за осминафиналето Гаел Монфис се повлече без борба, па во четвртфиналето ќе игра против Американецот Тејлор. Фриц, кој беше подобар од Британецот Камерон Нори.

Со оглед на тоа што не играше, Новак не беше во можност да им се обрати на медиумите, но за тоа ги искористи социјалните мрежи.

Денеска се слави најголемиот празник во Индија – дивали, па Ѓоковиќ им го честиташе овој празник на светлината на сите Индијци, а неговата порака ги воодушеви жителите на втората најнаселена земја во светот.

Многумина во коментарите пишуваат дека се воодушевени од добрината на Новак, а некои изјавиле дека со таа порака добил повеќе од милијарда нови обожаватели.