Ја гледаме секојдневно на ТВ екраните.Таа е спонтана,зборлива и умее да ве освои од прва со нејзината голема харизма. Долги години е дел од јавниот живот,а неодамна стана и една од нашите најпознати инфлуенсерки.
Јелена Спенџарска за нашиот портал откри која и омилена туристичка дестинација и кој настан и ја обележа годината што заминува.
-“ Година станав тетка и си добив прекрасна внука од сестра ми.Новиот член на семејството ми го разубави животот и фала му на Бога за тоа. Со годините научив да бегам од негативните луѓе и се хранам само со позитивна енергија.
Знам дека звучи необично, но откако станав тетка и јас се променив многу“, раскажува ТВ водителката.
Јелена вели дека не ја сака Новата година во Скопје, туку радо би заминала на пример во Лондон, за кој вели дека и е омилената туристичка дестинација.
“ Никогаш не сум била во Лондон, но еве искрено би сакала таму да ја дочекам новогодишната ноќ. Сакам да патувам и да запознавам нови пријатели.Не дека Скопје ме гуши,но таква сум по природа, авантуриста, додава таа.
Нејзината новогодишна честитка до нашите читатели е повеќе да си веруваат и да работат на менталното здравје.
Следетене на