Дека естрадата ни кубури зборува фактот дека пејачот Јоце Панов, деновиве од повеќе фирми барал пари за нов видео запис.Неофицијално дознаваме дека Јоце се обидувал на фирмите да им бара пари за неговиот проект наменет за српскиот пазар, повикувајки се на името на резисерот Дејан Миличевиќ, кој наводно требал да го режира спотот,а песна нема. Наши извори понатаму велат дека пејачот во очај го нудел проктот, но бизнисмените останеле глуви на неговото барање и го откачиле со образложение дека тој сам може да си собере пари од тезгите,за кој самиот се фалел дека е баран како уметник на пазарот.Ова  не е прв пат Панов да се обиде  на српската музичка сцена.Тој пред неколку години сними песни на српски јазик,но немаше баш некој голем успех.