Петнаесетгодишната Шило драстично се променила од последниот пат кога била видена во јавност со нејзината мајка.

Ќерката на познатите холивудски актери, Анџелина Џоли и Бред Пит, Шило Џоли-Пит (15) го изненади светот кога се појави на црвениот тепих во Рим со својата мајка, на премиерата на филмот „Eternals“.

Гледајќи го, според многумина, ангелското лице на оваа убава тинејџерка, на социјалните мрежи се крена полемика за тоа на кого повеќе личи – на мама Анџелина или на тато Бред.