Убавината е субјективна и сигурно вашите топ листи на најубави жени ќе бидат поразлични, но се потрудивме да направиме листа за која повеќето од нас би се согласиле.

Алисија Викандер (Alicia Vikander) не само што е преубава, туку е имногу талентирана. Многумина можеби не знаат, но оваа млада актерка со шведско потекло била и балерина. Алисија беше номинирана за наградата Golden Globe  за нејзината улога во Ex Machina и победничка на Академијата за најдобра споредна улога во филмот The Danish Girl. (Photo by Dan MacMedan/WireImage)

 

Ашварија Реј (Aishwarya Rai)-индиската актерка сигурно не` има презаситено со нејзината номинација како најубава жена во светот, но никогаш не е премногу и не ни е доволно кога ќе се потсетиме на нејзината убавина.

Кејт Аптон (Kate Upton), сите ние потајно би сакале и посакуваме да изгледаме како неа барем за еден ден. Photo By: Dee Cercone

Хајфа Вебе (Haifa Wehbe), прекрасната арабска поп пејачка од Либан е една од најубавите жени во светот.

Блејк Лајвли (Blake Lively), познатата девојка од серијата Gossip girl  е една од ретките жени кои изгледаат неизмерно убави за време на нивната бременост.

Ники Карими (Niki Karimi ), Ники е доказ дека за убавина не е потребна голотија.

Ема Стоун (Emma Stone ), брилјантната актерка сигурно е благодарна за нејзината хипнотизирачка убавина и за нејзината успешност како актерка.

Фахрије Ефчен (Fahriye Evcen), уште една фасцинантна девојка од Средниот исток. Позната е по нејзината актерска кариера во турските серии.

Тејлор Хил (Taylor Hill), оваа девојка е супер модел и поседува се што би посакал човек. Не почнувајте со скролање на нејзиниот инста-профил, доколку почнете нема да сакате да го тргнете погледот од нејзе. 🙂 

Who runs the world? Дефинитивно Queen Bey.  Како горда мајка и неверојатен изведувач таа е на водечко место по убавина и грациозност за повеќето од нас.