Сите знаеме колку понекогаш можат да бидат напорни патувањата со автобус, посебно ако патуваме на некое подалечно место. Затоа ви препорачуваме 10 практични и лесно применливи совети, кои што можат да ви го олеснат патот и да пристигнете свежи и одморени на посакуваната дестинација.
Проверете се пред да тргнете
Пред да влезете во самиот автобус или веднаш откако ќе се сместите на вашето место, проверете дали ги имате потребните документи со вас, новчаникот со пари, мобилниот телефон и здраственото осигурување.
Патувајте ноќе
Понекогаш нажалост изборот на времето на патување не зависи од вас, односно зависи од возниот ред на агенцијата, но доколку имате избор, секогаш гледајте да патувате ноќе. Навистина, преку ден ќе имате шанса да ги разгледате пределите низ кои што поминувате со автобусот, особено ако патот ве води низ некоја прекрасна природа, но затоа пак доколку патувате навечер ќе имате шанса да поспиете и да го искористите денот за шетање веднаш откако ќе пристигнете.
Понесете си перница и покривка
Без разлика на тоа дали ќе патувате преку ден или навечер, перницата и покривката се секогаш добредојдени. Самиот пат изморува, па не ретко на голем дел од луѓето им се приспива додека се возат. На овој начин ќе спречите вкочанување на вратот и рамената и ќе го направите патот многу поудебен за вас.
Облекувајте се слоевито
Овој совет е често занемарлив, но многу помага. Температурните разлики можат многу да влијаат на вашето здравје и се честа појава не само заради тоа што менувате локација, туку и во самиот автобус. Климатските уреди во автобусот најчесто не соодветствуваат со температурите надвор, па затоа носете различни видови на облека за да се прилагодите според средината во која што се наоѓате.
Обележете го вашиот багаж
Сигурно познавате некој, или пак дури и вас ви се има тоа случено, каде што сте земале туѓ куфер мислејќи дека е вашиот. Да, смешно, но може да доведе и до доста непријатни ситуации, особено ако личноста со чиј куфер сте завршиле патува на различна дестинација од вашата (се симнала во некој друг град, или пак има различен хотел). Затоа, најдете начин да го обележите вашиот багаж и да бидете 100% сигурни дека тоа е вашиот. Тоа може да биде нешто едноставно како привезок од клучеви закачени за патентот, некој нацртан симбол, или дури и вашето име и презиме на самиот куфер.
Екстерна батерија, резервен полнач, слушалки
Кога се патува со автобус, обично ни е познато времето на пристигнување и сами можете да ја пресметате должината на патот, но не ретко се случуваат незгоди и непредвидени ситуации кои што не можете да ги избегнете. Затоа е најдобро секогаш да имате со вас резервна екстерна батерија со која што ќе можете да го наполните мобилниот телефон, или резервни полначи од лап топ и мобилен, ако се случи во гужвите да го заборавите некаде едниот. Исто така добро е со вас да носите и барем еден пар на слушалки, затоа што секогаш ќе се најде некој гласен во автобусот кој нема да има обѕир кон другите, или ќе патувате со мало дете на кое што само што почнале да му растат забчиња.
Храна и вода
Носете со себе некаква лесна храна и вода, затоа што голема е веројатноста откако ќе пристигнете веднаш да започнете со шетање, па додека да го запознаете градот каде што се наоѓате, добро е да имате некаква резерва со вас. Исто така, доколку патувате на дестинација каде што ќе одите за прв пат, голема е веројатноста да не ви бидат познати цените или да немате некаде во близина менувачница, па затоа бидете подготвени.
Влажни марамчиња и тоалетна хартија
Јавните тоалети често знаат да бидат доста нечисти и нехигиенски, па затоа имајте секогаш со вас резервни влажни марамчиња или тоалетна хартија.
Користете ги паузите
Користитете ги паузите и ако не сте пушач или немате потреба од тоалет. Понекогаш со тоа што ќе си ги „протегнете нозете“, ќе направи да се чувствувате поудобно во наредните неколку часа.
Внимавајте на личните работи
Тоа што си разговаравте со жената до вас додека патувавте, не значи дека сте ја запознале како личност и дека можете целосно да и верувате. Внимавајте и чантата со вредните работи како што се документи, пари, мобилен телефон, апарат за сликање и слично, носете ја СЕКОГАШ со вас. Тоа важи не само и за патувањето со автобус, туку и за прошетките низ градот. Доколку сте сместени во хотел, голем дел од хотелите нудат услуги и како сеф за чување, што и не е така лоша идеја особено ако патувате со поголема количина на пари.
Следетене на