Денес се навршуваат 14 години од трагичната смрт на нашата најголема поп ѕвезда.На денешен ден, Балканот се зави во црно кога одекна веста дека Тоше не е веќе дел од овој свет. Ке остане запаметен по неговите големи хитови,концертите и хуманитарните акции. Ѕвездетото небо посветено на нашиот Тошка  на овој ден  блеснува над Скопје. Тоше беше единствената ѕвезда која успеа да ја обедини екс Ју. Него го сакаше целиот Балкан. Почивај во мир иконо.