Многу луѓе се борат со своите одлуки, се трудат и често се во дилема како да бидат попродуктивни и како да донесат некој смисол во нивните животни. Доколку сте еден од нив, оваа статија е за Вас. Овде ги издвоивме најважните 5 правила, од многуте, кои ќе Ви послужат за да го искористите максимумот од Вашето време, како и да добиете предност пред сите други околу Вас. Овие правила се тестирани во реалниот живот, па затоа е добро да си ги зачувате.

Започнете да ги применувате уште денес!

1. Правило 10-10-10

Кога сте под стрес користете го ова правило. Што ќе се случи за 10 минути, за 10 месеци и за 10 години? Одкако ќе добиете поинаква перспектива ќе сватите дека многу работи не се вредни за стрес.

Изборот може Ви изгледа добар во моментот, ама кога би поминал периодот од 10, можеби и нема да биде толку добар, а и обратно. За секоја одлука применувајте го ова правило.

man covering face with both hands while sitting on bench

2. Правилото на монетата

Што значи ова? Многу едноставно кога не можете да се одлучите помеѓу две за Вас важни работи, фрлете монета во воздух. Во моментот кога е во воздухот Вие длабоко во себе веднаш ја посакувате страната на која сакате да се сврти. Тогаш тоа е иделната одлука!

woman wearing white dress shirt

3. Правило од 2 минути

Ова правило иде вака ,,Ако Ви требаат само 2 минути за да завршите одредена работа, тогаш не одложувајте ја!„ Никогаш не одложувајте или занемарувајте активности што можат веднаш да се решат. Ако не се чувствувате волни да ја извршите задачата, принудете се. Но, за 2 минути навистина, дајте го целосното внимание. Не може да биде тешко да се фокусираме 2 минути нели?

woman sitting on floor and leaning on couch using laptop

4. Правилото Време-пари

Многу често слушаме дека времето е пари. Но како ова да го претвориме во животно правило? Размислете вака: Заработувате 10 евра / час и сакате да го купите тој капут од 150 евра?
Дали навистина тој капут вреди 15 часа работа? Со претворање на цената во работното време, ги вреднувате работите поинаку. Знаете колку напорно работите за вашите пари и на овој начин ќе можете подобро да го разберете трошокот.

woman sitting on shopping cart near the wall

5.  Правилото од 10.000 часа

За да успеете во Вашата замислена цел треба да вложите точно 10.000 часа. Ова правило се смета за клучот на успехот во секое поле. Вложете 10.000 часа во она што сакате да го постигнете, работете на тоа, надоградувајте се. Независно кога ќе почнете и колку години ќе имате, ова правило навистина носи успех. Некои од најдобрите успешни луѓе во светот ги темелат своите резултати според ова правило.

person holding pencil near laptop computer