Кога станува збор за стилот на живеење, социјалните медиуми играат голема одлука особено кај помладата популација. Модните блогери и блогерки успеваат да заработат големи суми на пари преку рекламирање на некој производ и што поголем бројот на следбеници, толку е повисока и нивната цена. Но кои се едни од најпознатите инфлуенсери кои навистина вреди да ги заследите на Инстаграм?
Кјара Ферагни – Chiara Ferragni – @chiaraferragni
Оваа модна инфлуенсерка и блогерка со италијанско потекло се прослави благодарение на нејзиниот блог The Blonde Salad и во септември во 2017 година беше рангирана на прво место од страна на Форбс на листата на „Топ модни инфлуенсери“ (“Top fashion Influencers”). Кјара го има започнато својот блог во 2009 година додека се уште била студент на Правниот факултет во Милан и за кратко време станува една од највлијателните личности во светот на модата. Таа со својот сопруг италијанскиот рапер и хип хоп музичар Федерико Лусија и нивниот син Леон живеат еден дел од годината во Милан, а остатокот во Лос Анџелес.
Худа Катан – Huda Kattan – @hudabeauty
Худа Катан е американка со иранско потекло која се занимава со професионално шминкање и благодарение на својот блог и инстаграм профил, се има стекнато со милионска публика. Голем дел од пзнатите ја одбираат токму неа кога станува збор за шминкање, па така нејзини клиенти се личности како Ева Лонгорија или Никол Ричи, па дури и Ким Кардашијан. Таа е основачот на Huda Beauty и на овој профил можете да најдете одлични идеи за шминкање.
Маријано Ди Вајо – Mariano Di Vaio – @marianodivaio
Маријано Ди Вајо е италијански блогер, моден дизајнер и актер. Познат е по тоа што беше бренд-амбасадор на познати светски марки како што се Хуго Бос и Масерати. Тој се ожени со неговата сегашна сопруга Елеонора Брунаци, или како што ја нарекува „љубовта на неговиот живот“ во септември 2015 година и имаат 3 сина.
Д-р Мајк Варшавски – Dr. Mike Varshavski – @doctor.mike
Овој руски доктор се прослави благодарение на списанието People откако го прогласија за најсекси доктор во 2015 година. Детството на Доктор Мајк е навистина тажно; роден во Русија со еврејско потекло, на своја 5 годишна возраст заедно со семејството се селат во Бруклин каде што неговата мајка иако професор по математика била приморана да чисти подови за минимална плата, додека пак неговиот татко повторно го запишал Медицинскиот факултет. Луѓето се потсмевале со него и го нарекувале глупав само затоа што не знаел англиски јазик. Во 2012 година го отвара својот Инстаграм профил со цел да го споделува својот живот како студент по медицина и набрзо ја стекнува својата популарност.
Кајла Истинес – Kayla Itsines – @kayla_itsines
Кајла е австралиски личен тренер со потекло од Грција. Во 2016 година Time ја има прогласено за една од 30те највлијателни личности на Интернет, спомнувајќи ги и социјалните медиуми кои што помогнале во промовирање на нејзината работа.
Следетене на