Овој врнежлив период е само за топол чај и некоја одлична книга, па токму затоа ви издвојуваме 5 книги со кои сигурно времето ќе ви помине многу побрзо.
„Убиството на Роџер Акројд“ – Агата Кристи
Една од најпознатите писателки на криминалистички и детекстивски романи, Агата Кристи, до ден денес ги возбудува најголем дел од љубителите на овој жанр. Ако сакате нешто да ве заинтригира и да ви го задржи здивот, тогаш „Убиството на Роџер Акројд“ е токму за вас. Како и во најголемиот број на романи, главната улога ја има Херкул Поаро, кој откако ќе се пензионира во едно село во близина на домот на својот драг пријател Роџер Акројд, ќе биде принуден да се врати на својата детективска работа. Господинг Акројд е пронајден убиен и не постои никој друг кој што ќе може да го реши неговото убиство. Оваа фантастична книга е позната по својот неочекуван пресврт на самиот крај, затоа читајте внимателно!
„Сидарта“ – Херман Хесе
Доколку сте еден од оние читатели кои сакаат повеќе филозофски осврт на смислата на животот, тогаш „Сидарта“ е одличен избор за вас. Оваа книга се фокусира на спиритуалното патување на Сидарта, кој откако ќе осознае дека е незадоволен од духовната исполнетост која му ја пружа традиционалната религија, ќе започне да трага по вистината.
„Папата Јована“ – Дона Вулфолк Крос
Книга од 500 страни која што се чита за 3 дена! Сите критичари на книги посочуваат дека ова ремек дело е нешто што морате да го прочитате – особено ако сте жена. Јована е родена во средниот веке, најмрачниот период за жените, каде што успева во невозможното и се стекнува со една од најпрестижните титули за тоа време. Една од најчуваните тајни на Ватикан која била избришана од историјата, сега повторно се враќа во рацете на читателот.
„Мемоарите на една гејша“ – Артур Голден
Гејша – девојка со порцеланско бело лице, црвени усни и покорни очи од кои искри страст. Девојка чија единствена цел и задача во својот живот е да ги забавува и придружува богатите мажи. Оваа нејеверојатна приказна за Чијо, гејшата од Јапонија, и за нејзиниот живот пред и по Втората светска војна, ќе ве воведе во сосема нови културни обичаи, каде овој тип на девојки се многу повеќе од тоа што најголем дел од луѓето мислат за нив.
„Ангели и демони“ – Ден Браун
Главниот лик, светски познатиот симболог Роберт Ленгдон, ќе биде повикан за да анализиа таинствен симбол кој е врежан во градите на еден убиен физичар. Со овој настан тој ќе биде вплеткан во мистериите на Илуминатите и откривњето на ова древно тајно братство.
Следетене на