Симптомите кои може да укажуваат на недостаток на магнезиум во телото се:
Главоболка
Мигрена
Замор
Вртоглавица
Поспаност
Нервоза
Болки во мускулите
Мускулни грчеви
Бидејќи телото се обидува да го компензира недостатокот на магнезиум со негово извлекување од коските, долгите периоди на недостаток на овој минерал не се безопасни.
Факторите кои влијаат на недостатокот на магнезиум во организмот се многу чести денес.
Тие вклучуваат изложеност на стрес, често консумирање алкохол /или газирани пијалоци, лош сон, висок крвен притисок, дијареа, употреба на орални контрацептиви и проблеми со цревата или бубрезите.
Некои намирници како спанаќ и друг темнозелен лиснат зеленчук, бадеми, семки од сончоглед и тиква, ленено семе, грав, авокадо и темно чоколадо се добри извори на магнезиум.
Препорачаната дневна доза на магнезиум е од 300 до 400 милиграми. На возрасна жена и се потребни околу 310 милиграми, а ако е постара од 30 години, количината се зголемува на 320 милиграми дневно. На возрасен маж му требаат околу 400 милиграми дневно.
Иако може да се најде без рецепт како додаток, задолжително консултирајте се со вашиот лекар пред да одлучите да земете додаток на магнезиум.
Следетене на