Додека гледате филм навечер, веројатно би грицкале нешто, но чипсот и сличната храна само ќе придонесат за дебелеење. Но, не очајувајте. Експертите открија каква храна можете да јадете навечер без да се здебелите.
Бобинки (капини, малини, боровинки, јагоди итн.) – Богати се со влакна кои помагаат да се чувствувате сити, а содржат и магнезиум, минерали кои ги опуштаат нервите и мускулите.

Фото: Pixabay
Крекери од цели зрна – Ова е одлична и здрава храна, па затоа е идеална за грицкање во текот на ноќта, само внимавајте да земате крекери без сол.
Моркови и хумус – Доколку сакате да јадете нешто крцкаво без многу калории, ова е одличен избор. Свежиот морков и хумусот се добра и здрава комбинација.
Пуканки – Ако ви се јаде нешто солено и крцкаво, пуканките се идеален избор. Пуканките се богати со влакна, па лесно ќе ве заситат. Избегнувајте пуканки со путер и сол, бидејќи оние со маслиново масло или свежи зачини се поздрав избор.
Јаткасти плодови – Јаткастите плодови, како лешниците или бадемите, се богати со протеини и магнезиум, па лесно ќе го задоволат вашиот апетит и ќе ви помогнат да заспиете побрзо, пишува Тајмс оф Индија.
Следетене на