Енергична и борбена, полна со страсти, оригинална, охрабрувачки и херојски настроена, незапирлива, посветена, грижлива, верува во своите способности и не се плаши од бариерите, имаа голема самодоверба и самодисциплина. Тоа е Ана Марија Таневска (23г.) девојката која го мами секој поглед да биде вперен во неа кога ќе помине со нејзината бесна машина. Ја поканивме на гости во луксузната MiCasa и ексклузивно за style.mk ни открива многу работи за во иднина.
Од каде ја доби страста и љубовта кон моторите ?
-Страста и љубовта ми се уште од најрана возраст и ги наследив од татко ми.
Која ти е најголема достигната брзина ?
-Најголема достигната брзина е 310km на час и секако тоа беше на тест патека.
Која ти е најдолгата релација која ја имаш поминато?
-Имам возено насекаде низ Македонија а надвор од неа сеуште немам патувано со мој мотор, во 1 ден највеќе имам извозено 500 километри
Колку мотори имаш досега сменето ?
-Имам сменето 12 мотори овој моментално ми е 13-ти мотор.
Дали во иднина планираш за нова бесна машина и кој модел би било тоа ?
-Нов ми е моторот купен ми е пред 6 месеци и не планирам додека не излезе друг модел т.е појака машина. Следниот мотор сигурно ќе ми биде најуникатен и лимитед серија.
Дали се натпреваруваш и која е твојата последна трка со мотори ?
-Се натпреварував до пред 12 години, се имам тркано во Кичево на трка до 80cc.
Дали Ана Марија повторно ќе ја видиме на натпреварување ?
-Да, после 12 години се враќам на стаза а на натпреварување сум следната година, ќе се натпреварувам на стазата во Серес во Грција и ќе се тркам со мотор од 600cc, ќе бидам единствената девојка која ќе биде на стазата во Серес и ќе дадам се од себе да ја претставам Македонија во најдобро светло.
Покрај јавната љубов кон моторите дали Ана во приватниот живот има дечко ?
-Мојата прва љубов е моторот а инаку сум слободна девојка (се насмевна)
Ана Марија покрај љубовта кон моторите очекува да добие и нова бесна убавица односно автомобил кој ќе биде во розева боја.
Таа редовно тренира и се држи во одлична форма нема корекција ниту пак пластична операција а во иднина планира да започне да тренира и кикбокс во Магнус.
Следетене на