Здравата храна понекогаш може и да не биде толку вкусна. Меѓутоа, тоа не е случај со бананите. Не само што се вкусни, бананите имаат цел список бенефити за Вашето здравје. Ако изедете една банана на ден, посебно наутро, ќе забележите сериозни подобрувања по Вашето здравје.

sliced ripe banana on round white ceramic plate

1.Го подобруваат расположението – Тие содржат триптофан, што е неопходно за нашето тело да добие серотонин (хормон на среќа). Во просек, банана содржи околу 27 милиграми магнезиум.

2.Нормализирање на крвниот притисок – Се должи на фактот што бананата содржи 420 милиграми калиум.

3.Го подобрува варењето на храната – Бананите се варат многу лесно и не можат да го иритираат желудникот.

4.Го редуцира ризикот од анемија – Бананата содржи многу железо што го стимулира создавањето на црвени крвни зрнца. 

5.Го спречува качувањето на вишок килограми – Бананата е богата со влакна па Ви дава чувство на ситост. 

6.Го надополнува недостатокот на витамини – Бананите се богати со витамин Б6. Во просек, една банана содржи околу 20% од препорачаната количина на витамин Б6. Ова му помага на телото да произведе инсулин, хемоглобин и аминокиселини кои се потребни за производство на здрави клетки. Исто содржат и витамин Ц.

 7.Ќе Ве исполни со енергија – Калиумот што се содржи во бананите ги штити мускулите од грчеви, додека јаглехидратите ви даваат доволно енергија.