Модата постојано се менува, но постои одреден безвременски стил кој засекогаш останува. Безвременски парчиња облека за кој веруваме дека многу ќе им помогне на мажите кои имаат вкус за мода и сериозно го сфаќаат дневниот стајлинг.

Converse и Vans

Чевлите се многу битен детал кој го диктира целиот аутфит. Тие се огледало на Вашиот стил. Овие обувки може да ги вметнете во многу комбинации, изберете нешто едноставно.

Фармерки и Бела Кошула

Комбинација која никогаш нема да излезе од модниот свет. Ова е топ комбинација со која нема да згрешите.

Комбинации со црно парче облека

Истражувањата за модата покажале дека мажите кои носат црно се забележани и привлечни. Затоа вметнете црно парче облека во Вашиот стил, кое може да го комбинирате со различни акцесоари.

Држете се до едноставноста!

Општо и безвременско правило во модата е да се држите до неутралните и едноставни бои. Колоритните парчиња, ленти, пруги можат да бидат навистина „кул“, но само ако знаете правилно да ги искомбинирате.

Тесни панталони и широки кошули

Кога зборуваме за мода, спротивностите се секогаш секси и тренд. Со ова правило добивате истовремено удобен и простоен изглед.

Рејбан очила – Неизбежен, класичен детал.