Били Ајлиш на доделувањето на BRIT Awards откако ја доби наградата за Интернационален соло женски уметник, во својот емотивен говор не можеше да ги задржи солзите. Видно возбудена се заблагодари на Лизо, Аријана, Камила Кабело и Лана Дел Реј, и потенцираше дека тие се причината зошто она постои. Откако заврши со тоа што се заблагодари на нејзиниот тим, кажа дека сака да каже нешто што размислувала во последниве 2 секунди, а тоа е дека во последно време се чувствувала доста мразено, а кога ги здогледала сите од публиката како и се насмевнуваат, кажа дека тоа ја натерало да заплаче. Потоа не можеше да издржи и кажа дека сега сака да плаче, рече благодарам и се повлече од сцената.
Оваа реакција се должи на фактот што во последниве неколку дена Били беше мета на постојани навреди и говор на омраза од страна на разни луѓе на социјалните медиуми. Таа пред само два дена пред доделувањето на наградите престанала да ги користи своите социјални мрежи за да комуницира со фановите, откако започнала да добива пораки со агресивна содржина. Погледнете го целиот нејзин говор на видеото подоле.
Следетене на