Бонсаи дрвата се доста популарни во светот, поготово затоа што се доста прилагодливи на различни климатски услови, лесни за чување и не завземаат многу простор, а секогаш на домот му даваат еден пријатен и топол изглед. Терминот „бонсаи“ потекнува од јапонскиот јазик и зборот во буквален превод значи „посадено во сад“ и денес е симбол за сите минијатурни дрва кои се посадени во некаков сад и претставува хортикултурна уметност.
Бонсаи дрвата водат историја за нивното одгледување уште во времето на древната египетска цивилизација и претставувале симбол за престиж и статус. Тоа што ова растение го прави привлечно за голем број на љубители на природата и цвеќињата е заради неговата специфична форма и изглед и фактот што го рефлектираат моменталното годишно време. Иако навидум лесни за одгледување, овие растенија бараат доста трпеливост, но голем дел од нив можат да ви траат со години.
Следетене на