Украсувањето на Вашиот дом за престојните Новогодишни и Божиќни празници може да биде вистинско уживање. Меѓутоа, нема потреба да трошите цело богатство на декорации, кога постојат лесни начини, дел од нив да ги изработите и сами. Еве неколку идеи како да изработите преубави украси од рецклиран материјал. Со овие идеи ќе го украсите Вашиот дом, а воедно ќе ја зачувате и околината.

 

Божиќна елка од ракавици 
DIY Christmas Decorations Mitten Tree

Сите имаме дома огромен број на ракавици, кои го изгубиле својот пар. Наместо да ги фрлате, направете божиќна елка и декорирајте ја. Наш предлог се декорации со пом-пом топчиња во пастелни бои.

Сјаен венец од лампиони

Се мислевте што да направите со лампионите кои веќе не Ви се потребни. Исечете венец од картон и залепете ги на него. Добивате преубав, колоритен венец за на врата.

                                                                      Свеќник од бакарни цевки

Спојте ги цевките во форма на свеќник. Додадете свеќи и  готови сте!

Рустичен декор за во Вашата градина

Искористете ги старите прозорци и направете преубав декор за Вашата градина. Потребен Ви е лепак, гранчиња од елка, платно од кое може да ја изработите машната.

Елка од стари тегли
mason jar christmas tree

Веруваме дека дома имате огромен број на празни тегли кои само Ви зафаќаат простор. Не ги фрлајте! Искористете ги за да изработите прекрасна новогодишна елка. Само наполнете ги теглите со лампиони и украсете ги.

Лампиони од капачиња

Потребен ви е пиштол за силикон, хартија, ленти во боја и малку имагинација за да изработите преубави лампиони кои ќе ги обесите на Вашата Божиќна елка.

Лампиони од истрошени светилки
Handpainted Snowman Ornies, 3 Vintage Christmas Tree Lights Handpainted snowmen Holiday Ornament, Bowl Filler, Gift Tag, Secret Santa Gift on Etsy, $3.75

Не ги фрлајте истрошените светилки. Искористете ги за да направите интересни лампиони, а воедно на овој начин ја зачувате и околината. Потребна Ви е боја, жица која лесно се витка и доза креативност.

Снешковци од стари конзерви
Tin Can Snowman Family Holiday Winter by MelsCleverCreations

Од старите искористени конзерви, може да изработите сладки снешковци со кои може да го украсите Вашиот дом и градина. Потребно ви е бела, црна и потрокалова боја, лепак или силикон, гранки и материјал од кој би ги изработиле капите и шаловите.