Божиќното цвеќе или уште познато и како Божиќна ѕвезда, го добило името токму според неговиот изглед. Со својата црвена боја и раскошни цветови, совршено се вклопува во Божиќниот или Новогодишниот амбиент. Ова цвеќе познато под латинското име Euphorbia pulcherrima, најчесто го сретнуваме во црвена боја, но го има и во бела, портокалова или жолта боја. Ова растение е релативно ново, односно се има појавено како нов вид во 1834 година. Секоја година околу 70 милиони примероци од ова цвеќе се продаваат во Америка, и тоа во период од само 6 недели.
Кога ќе започне да цвета Божиќната ѕвезда, треба да ја чувате во малку постудена просторија, а кога ќе процвета тогаш наводнувајте го само кога земјата ќе биде потполно сува. Во периодот од октомври до ноември, треба да го поставите во темна просторија за да му овозможите повторно да цвета.
Следетене на