Бред Пит покрај тоа што е познат во светот по својот извонреден талент за глума, како и одличниот изглед и харизма, е познат и како човек со голема смисла за хумор кој не пропушта прилика да се пошегува на нечија сметка. Па затоа, кога му беше доделена наградата за Најдобра споредна улога во филмот Once Upon A Time In Hollywood на Британската Академија за Филм и Телевизиски Уметности или BAFTA – British Academy of Film and Television Arts, иако не можеше да биде лично присутен заради семејни обврски, успеа да најде начин да ја засмее публиката но и да направи еден дел од нив да не се чувствуваат пријатно. Наградата во негово име ја подигна актерката Марго Роби и беше приморана да го прочита говорот кој што тој лично го имаше подготвено, каде што започнува со шега на сметка на Брегзит, а потоа се надоврзува и на ситуацијата со кралското семејство за која што се зборува со денови наназад, односно за напуштањето на кралските должности од страна на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл. Тоа што го направи овој момент уште повузбдлив, беше фактот што во публиката како специјални гости седеа принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон кои на овој говор изреагираа позитивно. Погледнете го видеото.
Следетене на